!?
Smart menu


 
 
кажи им на твоите другари
 
 

Вашиот банер може да биде тука

 
 
 
  Моја сложувалка
   
Може ли Вашето дете да и одолее на можноста да креира сложувалка од својата омилена фотографија? Веруваме не. Само замислете како би реагирало после поставувањето на последното парче од сложувалката која го прикажува неговото слатко лице.

Дајте му ја на Вашето дете можноста да вежба креирање целини од повеќе парчиња со различни форми.

На овој начин малото мозоче ќе научи како да работи побрзо и да стане богато со идеи додека работи со голем број нијанси на бои.

Исто така може да изберете слика од нашата галерија од кои би правеле сложувалки. Секојпат кога ќе играте, може да изберете поголем и поголем број на парчиња кои ќе ги составувате и ќе ги унапредувате детските способности.



  Меморија
   
Интересна, натпреварувачка игра, со слики лесно препознатливи за Вашето дете која нуди забава, учење и развој на способности кај детето во исто време.

Тоа се слики од секојдневниот живот кои му помагаат да ја развива меморијата и да подобро ја запознае својата околина.

Играта МЕМОРИЈА содржи 2 главни нивоа од кои секое содржи по 4, во зависност од бројот на елементите кои треба да се спојат во парови. Барајки парови, детето ги развива способностите за перцепција - забележување (на боја, сличности, разлики и сл.); брзина на реагирање; и што е најважно - ја вежба и засилува својата меморија што е многу битен фактор во вкупниот развоен процес на детето

Играта МЕМОРИЈА е игра лесна за употреба дури и за деца кои на најмала возраст стапуваат во контакт со компјутерот.

Пакетот програми СКГ им помага на родителите со тоа што го исполнува условот:

времето со компјутер = квалитетно време.


  Погоди го зборот
   
Научете брзо спелување и креирање зборови затоа што секоја буква е важна. Натпреварувајте се, дајте се од себе и станете шампиони во погодувањето зборови.

Огромен број нза зборови кои доаѓаат од различни области како: дом, природа, животни, тело, денови од неделата, месеци итн. Тие можат да го привлечат детското внимание. Ова е натпреварувачка игра со практична примена, чии бои подсетуваат на природа, релаксираат и Ве покануваат да се придружите кон прекрасната приказна за гасеницата.

Играта е корисна не само за малите деца кои треба да учат спелување, туку и за децата од повисоко ниво на образование кои сакаат да играат со зборови и да се натпреваруваат со своите другари на едукативна основа.

Деца, подгответе се за на училиште. Ќе Ви биде уште полесно ако вежбате и дома. Уште повеќе, додека го погодувате зборот, вежбајте сметање, додавајте броеви и множете ги со 5. Поканете ги Вашите браќа и сестри, Вашите другари и придружете и се на забавата заедно.

Покажи им на мама и тато дека твојот компјутер ти помага да учиш и да одиш напред.


  Весели бои
   
“ВЕСЕЛИ БОИ ” е извор на креативност кој содржи активности за развивање на мулти-способности. Оваа игра е креирана затоа што боите се дел од животот на децата. Тие ги радуваат, инспирираат. А кога боите се ставени во функција на развој на детето, тие ја постигнуваат својата цел.

Ние им дозволуваме на децата да го изразат тоа што го чувствуваат, да ја градат својата креативност, наградувајќи ги со една интересна игра на творење и напредок.

Разновидност на можности кои предизвикуваат. Различни начини на цртање линии, геометриски форми. Видете го огледало ефектот и колку интересни цртежи може да се добијат со него. Играјте со мноштво нијанси на бои во боенката. Испраќајте ги Вашите желби, честитки, љубов.

Направете ги најубавите покани и картички со желби или испраќајте цртежи до некого што го сакате преку е-маил или испечатете ги за себе.


  Нешто заедничко
   

Нешто заедничко е оригинална едукативна игра која ги води децата да усвојат знаење без да постои чувството дека се на училиште.

Огромен број на комбинации, сосема различни ситуации се појавуваат во трите нивоа на играта. При тоа, додека гледаме во сликите и ги слушаме нивните имиња, детето бара сличности и ги поврзува за да направи целина. Тоа го става детето во ситуација кога малиот човек треба да порасни и да мисли, споредува, одлучува, и сето тоа на интересен начин и низ игра.

Нашите деца ќе уживаат во оваа бескрајност на содржини, разновидности, благодарејќи на прекрасните идеи и мисли.

Но не само децата, туку и родителите имаат можност да им се придружат на нивните најмили во светот на знаењето, способности и забава.